Who am I ?

That is relative :)

my personality varies from unbearably clingy to disturbingly distant and there is no inbetween

(via phobias)

Црно или бело, никогаш сиво-златна средина.

Си велам, доста ми е од црнилава,

од денес само бела сенка ќе ставам на моите уморни очни капаци.

Се убедувам од утре, не го користам тоа црно моливче, 

ми ги затвара очите, не гледам добро.

И оп, ме гледаш утре, пак црнило околу очите.

Добро, барем и нешто бело ќе замачкам.

Колку да се рече.

Да се каже, ведра беше, убава беше.

Џабе.

Часовникот отчукува, проклетото моливче се брише,

остануваат темните подочници, дамките на мојот живот.

Замижувам пред огледалото, си велам во себеси:

"Нека ги снема, бар на еден ден, да ми го олеснат товарот и од така пренатоварениот грб."

Отварам ширум очи, ширам зеленило околу мене, 

гледам… Гледам, тука се, по ѓаволите.

Одете си, доволно долго се дружевме.

Сакам бои, нека ми се обои животот со сиво-златно.

Не сакам се’ во бела боја.

Па дури и на белава маичка што ја носам,

имам вивидни бои, да ме потсетат дека дишам.

Да ме потсетат дека имам многу.

А црните фармерки, да ме потсетат дека впрочем и немам ништо.

Јин и јанг, животе драг, во едно споени,

да направат бура, да ги спојат плусевите и минусите.

Плусевите си ги сакам назад.

Тие од тефтерот на наставничката во основно одделение, 

што се редеа без престан, не се броеа.

Си приспомнав за едно време, минато, далечно,

за (не)среќа завршено.

Тогаш кога живеев заедно со облаците, во едно,

високо таму, недостижно.

Сега ќе живеам сама со себе, за себе.

Темелите се важни, неизбежни.

Социјален камелеон бев, сум, и се надевам

нема да останам.

Да се вклопам секаде, незабележливо и мирно,

а сепак толку бучно.

Прво, си велам, почни од себеси.

Кровот доаѓа на крај, градација.. 

Градација од црно кон бело, помешано со златна боја, 

да ти измами насмев на лицето.

Не брзам, нека врне, нека ја измие прашината.

Ќе почекам, уживајќи во глетката на отворено небо.

Зарем не е тоа најбитно, и покрај сите негации,

реторички прашања, хиперболи, сарказам и иронија,

да ја останеш со отворен ум?

Don’t let people tear you to pieces, because you’re the one that has to put those pieces back together

Во нејзино име, за таа што ја изгубив прерано.

Кажете им да не ја бараат. 

Речете им, таа не постои.

Никогаш не ни постоеше.

Никогаш не ни била присутна во вашите животи.

Прегрнете друг човек, нека се изгуби нејзината миризба.

Бидејќи, при секој крај, тоа и остануваше од неа.

Ужасната миризба да ве потсетува дека сите сме биле ѓубриња во одреден момент од животот.

Кажете им, никој не сакаше човек во нивниот живот кој ја дава душата.

Кажете им, се плашеа дека никогаш нема да возвратат на истиот начин.

И за крај, извикајте дека таа не бараше иста љубов ‘ко нејзината.

Таа само бараше љубов што ќе трае.

Потсетете ги, дека вреди да се биде Човек.